За 7,5 отсто повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули 2010, во однос на истиот месец од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи на зголемените цени во групата енергија за 17 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 отсто, капитални производи за 2,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто. Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот вадење на руди и камен во јули 2010, во однос на јули 2009 година е повисок за 2,2 отсто. Во секторот преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 4,7 отсто...
За 7,5 отсто повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули 2010, во однос на истиот месец од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи на зголемените цени во групата енергија за 17 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 отсто, капитални производи за 2,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто.
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот вадење на руди и камен во јули 2010, во однос на јули 2009 година е повисок за 2,2 отсто.
Во секторот преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 4,7 отсто.
Во јули 2010 година, во однос на минатата година индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5.6 отсто.
Продажна цена на производителите на индустриски производи е цената според која производителот ги продава своите производи на редовните купувачи на домашниот пазар, во цената не влегува данокот на додадена вредност.